6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Фон дер Лаен вмешана во политички скандали во Софија

Името на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Леан, е вовлечено во најновиот бугарски политички скандал кога пратеникот од Промената продолжува (ПП), Радостин Василев, објави петчасовна снимка, на која е и поранешниот премиер Кирил Петков, како им пренесува на своите сопартијци дискусија со Фон дер Лаен поврзана со шенген, пренесува „Еурактив“.

На снимката се слуша гласот на Петков како им го објаснува на сопартијците разговорот со Фон дер Лаен од 21 мај, на кој се разговара за шансите Бугарија да биде прифатена во шенген и во еврозоната.

Петков рече дека за време на состанокот со Фон дер Леан таа му кажала дека „за шенген имате многу големи шанси. За еврозоната, треба да сфатите како да ги заобиколите правилата. Во смисла на тоа како да ги исполните“.

На снимката понатаму се слуша Петков како ѝ одговара: „Дали можеме да имаме (процена на) инфлација минус ефектот (од војната) во Украина“. На ова Фон дер Леан одговорила: „Слушај ме, ќе се обидеме да ти помогнеме“.

Европската комисија потврди во саботата дека Фон дер Лаен и Петков „разговарале за важни прашања од агендата на Бугарија, меѓу кои и влезот на Бугарија во еврозоната и во шенген“.

„Постои јасно структуриран процес за влез во еврозоната, кој се однесува на сите земји. Работата на Комисијата е да го поддржи спроведувањето на критериумите. Очигледно е дека правилата мора да се почитуваат“, велат од Комисијата, цитирани од Бугарското национално радио.

Снимката исто така ја открива стратегијата на партијата, која требало да се спроведе по изборот на влада со поранешниот премиер Бојко Борисов – лидерите на ПП да го спомнат чистењето на државната администрација од персонал близок до претседателот Румен Радев, партијата ГЕРБ и вработени за кои постои сомневање дека работеле за руското разузнавање.

Меѓу другите контроверзни цитати од снимката се оној во кој Петков вели дека поранешната бугарска еврокомесарка Марија Габриел се расплакала кога дознала дека нема да биде премиер.

Пред објавувањето на снимките коалицијата „ПП – Демократска Бугарија“ постигна договор без преседан со ГЕРБ за избор на влада. Во првите девет месеци премиер требаше да биде Николај Денков (ПП), а потоа Габриел.

По објавувањето на снимките, ГЕРБ објави дека ги замрзнува преговорите со Промената продолжува додека не се добијат гаранции дека идната влада ќе ги почитува принципите на владеењето на правото.

Борисов се обидува да ја искористи слабата позиција на ПП продолжува и инсистира на експертска влада со краток мандат.

Спонзорирано: