Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Ново предизборно ветување на Киличдароглу: Ако победам, ќе ги протерам сите бегалци

Ако победам на изборите, ќе ги протерам сите бегалци, изјави противкандидатот на Ердоган на претседателските избори и негов главен ривал, Кемал Киличдароглу, пренесува турскиот весник „Бирѓун“.

„Ердоган, ти не ги заштити границите и честа на државата. Донесовте повеќе од 10 милиони бегалци. Тоа не беше доволно, па продававте турски државјанства за да добиете увезени гласови! Ги направивте нашите граѓани бегалци“, обвини Киличдароглу на конференцијата во Анкара.

Тој предупреди дека „ако остане сегашната влада, во Турција ќе се слеат повеќе од десет милиони нови бегалци. Доларот ќе порасне на 30 лири (сега доларот се менува за 19,7 турски лири)“.

Според него, ако на власт останат Ердоган и АКП, турските градови ќе бидат под контрола на бегалците и на мафијашките банди.

„Ако тие останат, убиствата на жените ќе продолжат да се зголемуваат. Ако тие останат, мафијата ќе стане партнер на власта што го убива нашиот народ. Тие ќе управуваат со земјата правејќи отстапки пред терористите. Ќе внесат терористи од сите калибри во земјата и во парламентот. Ова никогаш нема да го дозволиме“, истакна Киличдароглу.

Тој претходно изјави дека, ако победи на изборите, ќе ги продолжи преговорите за влез на земјата во Европската Унија.

Да потсетиме, Киличдароглу нагласи дека нема намера да му ја предаде земјата на актуелниот лидер Реџеп Таип Ердоган нарекувајќи го лажго ориентиран кон Русија. Тој додаде дека нема намера да попушти пред Ердоган во вториот круг од изборите.

Турската изборна комисија официјално соопшти дека вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 28 мај.

Според прелиминарните резултати од првиот изборен круг, актуелниот претседател Ердоган освоил 49,51 отсто од гласовите, неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 44,8 отсто од гласовите, а Синан Оган освоил 5,17 отсто од гласовите.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе