Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Финска треба да ги задржи нуклеарните забрани и покрај членството во НАТО

Приклучувајќи се кон НАТО, Финска ја напушти својата долгогодишна политика на неврзаност. Сега реномирана група експерти ја советува земјата да не се вклучува во какви било вежби за нуклеарен напад и особено предупреди да не се дозволува таквите вежби да се одржуваат во финскиот воздушен простор.

Групата за мониторинг на нуклеарното оружје во својот нов извештај ѝ препорачува на новопечената членка на НАТО да се држи до својата долгогодишна цел за промовирање на нуклеарното разоружување и до забраната за увоз, производство, поседување и детонирање нуклеарни експлозиви.

Во извештајот, во кој се оценува улогата на нуклеарното оружје и поврзаните безбедносни ризици за Финска со оглед на нејзиниот нов статус на членство во НАТО, групата, чии членови се од активисти за антинуклеарно оружје до воени истражувачи, ја повика нордиската земја да усвои внимателен пристап кон вежбите за нуклеарно оружје на НАТО, вклучително и кон учество во нив.

Меѓу членовите на независната мониторинг-група се и ветеранскиот социјалдемократ и поранешен фински министер за надворешни работи, Ерки Туомиоја, како и многубројни истражувачи од институции, како што се Националниот универзитет за одбрана и Институтот „Алексантери“ на хелсиншкиот универзитет, кој е специјализиран за руски, источноевропски и за евроазиски студии.

Претходно, финското Министерство за одбрана соопшти дека ќе учествува во операциите за нуклеарно планирање и поддршка на западната воена алијанса истовремено одлучувајќи да не стационира нуклеарно оружје на својата територија – ветување што го повтори и претседателот Саули Ниинисто.

Финска поднесе барање за членство во НАТО минатата година заедно со Шведска наведувајќи ја како причина за напуштање на својата долгогодишна политика на неврзаност промената на безбедносниот пејзаж на Европа.

Финска официјално влезе во НАТО претходно годинава, а нејзиниот сосед Шведска сè уште чека Унгарија и Турција да го деблокираат нејзиниот пристап.

Русија го осуди приемот на Финска во НАТО како посегање на нејзините безбедност и националните интереси и вети дека ќе преземе контрамерки за да ја обезбеди својата тактичка и стратешка безбедност.

Само што влезе во НАТО, Финска случајно го забележа својот најголем скок од во трошоците за одбрана од 1962 година, врвот на Студената војна.

Севкупно, воените расходи на нордиската земја во рок од неколку години се зголемија од 1,3 отсто на 2 отсто од нејзиниот БДП поради големиот број скапи набавки, како што е сосема новата флота од авиони „Ф-35“ од САД.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе