Centar.mk
ЛОКАЛНО

Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката

Иницијативата „Борба за Влае“ е против промена изгледот на улицата Есперанто, на која е предвидено да се гради 11-катница. В недела напладне на плоштадот Делфина во населбата, тие ги канат на средба советниците и градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје.

Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, во дописот испратен до јавноста велат дека се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во својата моментна состојба. Загрижени се од активностите на Општина Карпош за носење нов урбанистички проект за улиците Есперанто и Ангел Динев во населбата Влае 2, токму околу основното училиште.

Овој урбанистички проект, тврдат од иницијативата, би ѝ овозможил на Општината да почне со работа на терен, без претходно изгласување на предлог-детаљниот урбанистички план (ДУП) од страна на советниците во Општината.

Можеби ќе ве интересира

Свечено испратена нова генерација идни првачиња од детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

ОХРИД ВЛЕГУВА ВО „СЕЈФ СИТИ“: Почнува нова ера на контрола и безбедност во сообраќајот

ДЕСК

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови , повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

ДЕСК