17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Во Сисак насипот попушти, луѓето во солзи: „Ништо не е во ред, сè што имаме е потопено“

Состојбата во Хрватска од час на час станува сè подраматична, а според последните информации утрово попуштил и привремениот насип кај Сисак поради што војската и полицијата итно тргнале кон тој град за да спречат појава на поголема материјална штета.

Членовите на здружението за јавање коњи КАС продолжуваат со спасувањето на животните, пишува „Дневник.хр“.

„Ништо не е во ред, мораме да ги спасиме коњите. Сите наши документи и сè што имаме е потопено. Работевме 20 години за да го изградиме ова здружение, а сега изгубивме сè“, рекол Анита Трстењак, секретар на здружението КАС.

Инаку, врвот на водниот бран се движи кон исток и се очекува денеска околу Сисак и Петриња, пишува „N1 Загреб“.

Најкритична е состојбата во Хрватска Костајница, каде во последните неколку часа водостојот на реката Уна стагнира, но подземните води продолжуваат да навлегуваат.