Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Две лица спасени од покрив на потопена куќа во Италија, објавена снимка од спасувањето

Најмалку девет лица загинаа, а неколку се водат за исчезнати откога поројниот дожд го зафати северниот италијански регион Емилија-Ромања предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето. Речиси 10.000 луѓе беа евакуирани, а некои граѓани мораа да бидат извлечени од покривите со хеликоптери.

Властите соопштија дека 14 реки се излеале од коритата поплавувајќи 23 града. Градоначалникот на Равена изјави дека неговиот град сега е непрепознатлив.

Трката за ГН на Формула 1 викендов во Имола, град блиску до многу од најтешко погодените области, беше откажана во обид да се намали притисокот врз службите за итни случаи и да се спречат љубителите на трката да се соберат во погодениот регион.

Италијанската крајбрежна стража објави видео како спасуваат двајца постари лица од покривот на потопена куќа.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе