8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Поранешен американски специјалец убиен во Бахмут

Пензиониран војник од специјалните сили на САД беше убиен од руска артилерија оваа недела во источниот украински град Бахмут, кој руската редовна армија и платениците од групата Вагнер очајно се обидуваа да го фатат речиси една година.

Неговата смрт ја потврди близок пријател и основач на непрофитна организација која работи во Украина. Пензионираниот наредник Николас Мајмер беше во зграда во Бахмут која се урна откако беше погодена од артилериски оган, рече пензионираниот полковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работеше во Украина.

Украинците кои биле со Мајмер веруваат дека поранешниот офицер на специјалните сили бил заробен во делумно уништена зграда или бил убиен од налетот на руски артилериски оган, рече Блекбурн.

– Тие дојдоа на таа позиција, а потоа започна тешкиот артилериски оган. Зградата почна да се урива. Повеќето Американци и Украинци успеале да побегнат, но Ник не – рекол пријателот на Мајмер, друг Американец, за Си-Ен-Ен.

Потврдата за смртта на Мајмер дојде откако основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, објави видео за кое тврди дека го покажува телото на убиениот Американец.