Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

„Политико“: Европската Унија ќе мора да избира меѓу Украина и Турција

Членството на Украина во Европската Унија може да ја принуди ЕУ да се откаже од идејата за членство на Турција во организацијата, пишува „Политико“.

Во текстот се нагласува дека поради ова, на некои членки на ЕУ ќе им биде полесно ако во вториот круг од претседателските избори во Турција победи Реџеп Таип Ердоган, а не неговиот ривал од опозицијата, Кемал Киличдароглу кој се залага за поблиска интеграција со ЕУ. .

„Во одреден момент ќе мораме да ставиме до знаење дека Украина и Западен Балкан се последните кои влегуваат во ЕУ. Незамисливо е ЕУ да може да ги прифати и Турција и Украина, бидејќи пазарот нема да го издржи тоа“, изјави неименуван висок европски функционер.

Според весникот, лидерите на земјите од ЕУ на самитот во декември најверојатно и официјално ќе ги започнат преговорите за членство со Украина.

На 28 февруари 2022 година, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поднесе апликацијата за членство на Украина во ЕУ. Киев доби кандидатски статус во јуни.

Европската комисија во февруари 2023 година изјави дека Украина како целина сè уште е на почетното ниво на подготовка за членство. Во април, пак, ЕК изјави дека нема скратен пат за влез на Украина во ЕУ.

Првиот круг од претседателските избори во Турција се одржа на 14 мај и во него Ердоган освои 49,51 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат, лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу 44,88 отсто. Вториот круг е закажан за 28 мај.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден… Повеќе

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано е присуство на маркетинг промоции на компании за технологија и облека кое според граѓаните е манипулативно. Слично се… Повеќе