Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Опозицијата во Турција ги оспорува изборните резултати

Турската опозиција поднесе жалби за наводни нерегуларности на илјадници избирачки места во Турција по изборите во неделата, на кои актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари подобар резултат од очекуваното.

Мухарем Екрек, висок функционер на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), изјави дека се забележани разни неправилности, од само еден лошо преброен глас до стотици такви гласови.

Тој рече дека ЦХП поднела приговори на 2.269 избирачки места за претседателските избори и на 4.825 избирачки места за парламентарните избори, кои исто така се одржаа во неделата.

Сепак, од опозициската партија се свесни дека приговорите веројатно нема да го променат резултатот од претседателските избори, во чиј втор круг на 28 мај силите ќе си ги измерат Ердоган и неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу.

„Го следиме секој глас, дури и ако тоа не го менува конечниот резултат. На изборите во Турција имаше вкупно 201.807 избирачки места“, рече Екрек и додаде дека приговорите се поднесени во законскиот рок.

Претставниците на ЦХП ги повикаа младите гласачи да го поддржат нивниот кандидат во вториот круг тврдејќи дека првиот круг покажа дека Ердоган ја изгубил довербата што ја барал.

Партијата АКП на Ердоган и нејзините сојузници ги изненадија анкетарите и постигнаа стабилно мнозинство на парламентарните избори. На претседателските избори Ердоган освои 49,39 отсто од гласовите, а Киличдароглу 44,9 отсто.

Победата на Ердоган, веројатно, ќе му оди во прилог на официјален Кремљ, но ќе ја вознемири администрацијата на Бајден, како и многу лидери на европските и блискоисточните земји, кои имаа проблематични односи со него.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД СИТЕ НИВ Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите… Повеќе