7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.mk/Архива
СВЕТ

Дедото на убиеното девојче во училиштето во Белград: „Вучиќ, Брнабиќ и Мали си играа со нашата болка“

Дедото на убиеното девојче во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Слободан Раичевиќ, жестоко го критикува раководството на Србија во врска со оваа трагедија.

Тој во емисијата „Впечаток од неделата“ рече дека претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали си играат со болката на семејствата на загинатите.

„Прва загина таа, беше на должност, почина и другарка ѝ, а и Драган кој беше таму со нив. Тој монструм влета и првин ја уби мојата миленичка“, рекол дедото на девојчето, пренесува „Нова.рс“.