4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Ravnateljstvo civilne zaštite MUP RH
СВЕТ

(Видео) Хрватска под вода – евакуирани домови, затворени патишта

Континуиран дожд предизвика излевање на реката Зрмања од заштитниот ѕид во областа на градот Обровац и излевање на реката Отуча од коритото во општина Грачац во Хрватска.

„Надлежните служби се на терен, а жителите чии куќи се најзагрозени се евакуирани“, извести Управата за цивилна заштита.

Во 21 часот и 45 минути е активиран Штабот за цивилна заштита на градот Обровац.

„Општината Грачац е поплавена, водата влезе во многу куќи, а четири семејства беа евакуирани во неделата навечер“, изјави за Хина, шефот на ХГСС на Хина, Јосип Брозичевиќ.

Штабот на Цивилната заштита на општина Грачац бил активиран во неделата пред 13 часот поради заканувачката поплава, а началникот на кабинетот Наталија Турбиќ ги повикува сите кои не се безбедни да се јават во жупанискиот центар 112 и со што сите загрозени ќе добијат помош преку штабот.

Таа објасни дека поплавата настанала поради излевање на реката Отуча, надојдена подземна вода и обилни врнежи од дожд, а под вода се сите ниски површини во општината, а дел од патиштата се затворени.