Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

ЕУ ќе биде домаќин на на мировни преговори меѓу лидерите на Ерменија и Азербејџан

Како дел напорите да се постигне мировен договор за нивниот тридецениски територијален спор, лидерите на Ерменија и Азербејџан ќе одржат преговори во Брисел во недела (14-ти мај), соопшти Европската унија, пренесува „Еурактив“.

„Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе биде домаќин на средбата меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев како дел од напорите „да се промовира стабилноста на Јужен Кавказ и нормализацијата меѓу двете земји“, се вели во соопштението од понеделникот.

Состанокот во Брисел доаѓа откако САД посочија дека во разговорите во Вашингтон меѓу министрите за надворешни работи на двете засегнати земји минатата недела бил постигнат „опиплив напредок“ кон мировен договор за ставање крај на спорот околу енклавата Нагорно-Карабах.

Пашинјан и Алиев одржаа неколку рунди преговори, главно организирани од ЕУ или Русија, но не успеаја да ги решат надминат клучните проблеми, вклучително и демаркација на границата.

Во соопштението од ЕУ се вели дека двајцата лидери се согласиле и на заедничка средба со лидерите на Франција и Германија на маргините на европскиот самит во Молдавија на 1-ви јуни.

„Тие се обврзаа и на состаноци во Брисел толку често колку што е потребно за да се справат со тековните случувања на теренот“, се вели во соопштението.

И Ерменија и Азербејџан беа републики на Советскиот Сојуз и ја стекнаа својата независност кога тој се распадна во 1991 година. Двете страни двапати војуваа за спорните територии, главно за Нагорно-Карабах, енклава во Азербејџан со мнозинско ерменско потекло.

Десетици илјади беа убиени во војните, од кои едната траеше шест години и заврши во 1994 година, а втората во 2020 година заврши со договор за прекин на огнот што го издејствува Русија.

Азербејџан внесе нови тензии во спорот со поставување контролен пункт на коридорот Лачин, единствената копнена врска меѓу Ерменија и Нагорно-Карабах. Ерменија го смета овој потег за прекршување на примирјето за кое се преговараше меѓу двете страни.

Западните напори за посредување доаѓаат во време кога големата регионална сила Русија се бори да го задржи своето одлучувачко влијание поради последиците од нејзината војна против Украина.

Кремљ инсистира дека нема алтернатива за договорот за прекин на огнот што го потпиша со двата завојувани соседи во 2020 година, според кој на теренот беа распоредени руски мировници.

Пашинјан денеска е во Москва за да присуствува на парадата на 9 мај посветена на победата во Втората светска војна.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските… Повеќе