11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави отповикувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага

Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува потегот на претседателот, Стево Пендаровски, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за предвремено отповикување на амбасадорот Тодоровски од Прага.

Од тука велат дека отповикувањето е задоцнето и донесено со големи калкулации имајќи го во предвид неговото политичко и непрофесионално делување како претседател на синдикална организација, како и фактот дека именуваниот и претходно е предвремено отповикан за слични нерегуларности.

„Добро што најпосле свеста за нужноста од ‘прочистувањето’ на македонската дипломатија, почнува да резултира со конкретна акција. Акцијата требаше да биде изведена многу потранспарентно и обзнанета изворно и навремено, а не изнудено со повеќемесечно задоцнување, дури откако е направен изборот на кандидат за нов амбасадор, при веќе постоечки амбасадор во Прага кој е само на половина од својот мандат“, велат од Македонскиот дипломатски синдикат.

Имајќи ги во предвид причините за отповикувањето, велат од синдикатот, ќе констатираме дека непочитувањето на Виенската дипломатска конвенција претставува сериозен проблем за секоја дипломатска служба и дека со такви ситуации министерството треба да е справува брзо и ефикасно, без никакви калкулации.

Го охрабруваат министерот Османи со иста енергија и со ист аршин, како што велат, да продолжи да се справува со секаква недисциплина, неодговорност, малверзации, неспособност и недостатокот на исполнителност и на други наши амбасадори, за кои има сознанија за вакви и посериозни прекршувања.

„Министерот Османи и неговиот претходник Димитров немаа желба да соработуваат со Македонскиот дипломатски синдикат, уште помалку да ги слушнат наши сугестии во однос на лошата кадровска политика во највисокиот ешалон на дипломатијата. Поради тоа, порачуваме дека како Синдикат ќе вложиме голем напор со следниот министер за надворешни работи да воспоставиме силна двонасочна соработка, која ќе биде заснована пред се на професионални стандарди и нема да имаме толеранција за неквалитет,индолентност или неспособност на нашите најважни дипломатски претставници во светот, амбасадори“, додаваат од Синдикатот.

Минатата недела, Османи кажа дека амбасадорот Сашо Тодоровски бил вратен од Прага поради низа утврдени неправилности.

Како причина за отповикувањето беа наведени нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага, а не биле испочитувани ниту инструкциите од страна на МНР.

Спонзорирано: