Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

ОН: Светските цени на храната повторно во пораст

Индексот на глобалните цени на храната се зголеми во април, прв пат по една година, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) при ОН. Индексот на цени, кој ги следи глобално најтргуваните прехранбени производи, минатиот месец изнесуваше во просек 127,2 поени во споредба со 126,5 за март.

„Благото зголемување на ФФПИ (индексот на цени на храната на ФАО) во април беше поттикнато од наглото зголемување на индексот на цената на шеќерот заедно со растот на индексот на цената на месото, а индексите на цените на житните зрна, млечните производи и на растителните масла продолжија да се намалуваат“, соопшти ФАО.

Според извештајот, индексот на цената на шеќерот се искачил 17,6 % од март достигнувајќи го највисокото ниво од октомври 2011 година. Порастот наводно е поврзан со загриженоста за намалените резерви по падот во прогнозите за производство за Индија и Кина заедно со помало од очекуваното производство на Тајланд и во Европската Унија.

Индексот на цената на месото е зголемен 1,3 % во однос на март, а цените на млечните производи се намалија 1,7 %. Цените на растителното масло исто така се намалија 1,3 %, што е петти последователен месечен пад.

Индексот на цената на житните зрна се намали 1,7 %, при што падот на светските цени на сите главни жита е позначаен од зголемувањето на цените на оризот.

„Порастот на цените на оризот е крајно загрижувачки и од суштинско значење е да се обнови Црноморската иницијатива за да се избегнат какви било други скокови во цената во пченицата и на пченката“, вели главниот економист на ФАО, Максимо Тореро.

Извештајот на ФАО покажува дека меѓународните цени на пченицата паднале 2,3 % во април на најниско ниво од јули 2021 година, главно поттикнати од големите резерви достапни за извоз во Русија и Австралија.

Според ФАО, поволните услови за земјоделски култури во Европа, заедно со договорот на крајот на април со кој се овозможува транзит на украинското жито во земјите на ЕУ кои воведоа ограничувања за увоз на почетокот на месецот, исто така придонесоа за вкупно помек тон на пазарите.

Во меѓувреме, Тореро предвидува дека со закрепнувањето на глобалните економии од значителните забавувања побарувачката ќе се зголеми и ќе врши нагорен притисок врз цените на храната.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе