14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Затруени 49 деца од гас што истекол во основно училиште во Осака

Четириесет и девет ученици денеска пријавиле дека имаат мачнини, а најмалку осум се пренесени во болница откога било пријавено истекување гас во основно училиште во префектурата Осака, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека утринава околу 10 часот по локално време добила дојава од противпожарната служба дека во основното училиште „Камеи“ во градот Јао бил откриен мирис на гас, пренесува агенцијата „Кјодо“.

Полицијата потврди дека локалните власти го истражуваат потеклото на мирисот. На училишниот терен забележани се неколку возила на брза помош и противпожарни возила.

„Кјодо њуз“ пишува дека во близина на училиштето биле забележани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. Локалните жители гледаа како пожарникарите минуваат низ училишната зграда, а родителите дошле да си ги земат своите деца.