6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Чешкиот министер за здравство: Пациентите се заложници на фармацевтската индустрија

Европската Унија мора да им наложи на фармацевтските компании задолжително складирање лекови бидејќи пациентите станаа заложници на фармацевтската индустрија, истакна во неделата чешкиот министер за здравство, Властимил Валек, во интервју за чешката телевизија.

Освен фактот дека некои компании имаат монопол во производството специфични лекови, како антибиотици, фармацевтската индустрија не создава резерви и веднаш ги дистрибуира производите, што претставува значителен ризик, додаде министерот.

„Едноставно, пациентите станаа заложници на фармацевтската индустрија во изминатата деценија“, предупреди Валек.

Чешкиот министер истакна дека се зголемува поддршката меѓу земјите членки на ЕУ за наметнување задолжителни резерви и дека, покрај Чешка, за идејата се залага и Белгија, па дури и Германија.

Чешката Република периодов подготвува закон со кој фармацевтските компании ќе се обврзат да чуваат резерви за да обезбедат снабдување со лекови во случај на недостиг на некој лек. Сепак, Валек е убеден дека ваков пристап не е потребен во цела Европа.

„Европската ситуација нема да се реши ако една, две или три земји го сменат тоа,. Потребно ни е производителите да почнат да се однесуваат многу посериозно и да размислат за тоа дека мора да имаат резерви за да го обезбедат снабдувањето во случај на недостиг“, истакна Валек.

Новиот фармацевтски пакет на ЕУ, претставен на крајот на април, предвидува можност за воведување резерви за вонредни состојби иако Европската комисија останува внимателна во врска со тоа.

Фармацевтските компании ја критикуваа идејата за создавање резерви. Според Филип Врубел, шеф на чешката Асоцијација на фармацевтските компании, задолжителните резерви може да доведат до повисоки цени на лековите и да ја загрозат нивната достапност.

Спонзорирано: