20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
СВЕТ

Хорор во Оџаци: Уапсен воспитувач во градинка поради педофилија, фотографирал деца и им кажувал дека тоа е „нивната тајна“

Воспитувачот од градинка во Оџаци И.О.(26) е уапсен поради сомнение дека фотографирал деца без дозвола на нивните родители.

Од Полициската управа Сомбор за Нова.рс потврдија дека е уапсен И.О., како и дека за квалификацијата на кривичното дело ќе се одлучува дури по сослушувањето во обвинителството.

Тој може да биде обвинет за недозволени сексуални дејствија, но и за искористување малолетници за порнографски цели, како и за поседување и дистрибуција на педофилски материјал.

Наводно ги фотографирал децата велејќи им да не кажуваат никому, бидејќи тоа е „нивна тајна“. Не се знае колку потенцијални жртви има, а истрагата е во тек.