Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

По сончевиот викенд, утре и задутре повторно промена на времето

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне не очекува променливо облачно време, а на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Утре во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) во вторник во југоисточните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК