10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црногорската полиција го подигна нивото на подготвеност поради трагедиите во Србија

По две трагедии и масовни убиства во Србија, црногорската полиција го подигна нивото на подготвеност, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Филип Аџиќ.

Аџиќ рече и дека е зајакната контролата врз носењето оружје и издавањето дозволи.

„Кога дознав за настаните во Србија, одржав колегиум со директорот на Управата на полицијата и целиот менаџерски тим. Утрово целата полициска управа е подигната на повисоко ниво на будност и во тој контекст ќе ги следиме сите настани“, рече Аџиќ.

Тој рече дека се вршени ригорозни контроли кога станува збор за издавање дозволи за оружје, како и контроли на оние што веќе поседуваат оружје и ги обновуваат дозволите.

„Ќе ги засилиме сите активности пред почетокот на сезоната, но и во текот на сезоната. Полициската управа презема сè што е во нејзина надлежност“, рече Аџиќ.

Спонзорирано: