13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на училишната управа: Убиецот не бил префрлен во друго одделение поради малтретирање

Драган Филиповиќ, раководител на белградската училишна управа, изјави дека наставата денеска во сите училишта ќе почне со едноминутно молчење, а од понеделник ќе почне со работа основното училиште „Владислав Рибникар“. Тој рече дека во музичкото училиште настава посетувало и момчето што го извршило злосторството и дека според сите докази што ги има училиштето, немало многу врсничко насилство, пренесува „Нова.рс“.

„Овие два дена нема да се одвива настава во ова основно училиште за учениците од паралелките со помали деца. Доколку родителите немаат каде да ги остават децата што се на продолжен престој, училиштето ќе се отвори во физички одвоен дел, каде што учениците нема да имаат можност да стигнат до местото каде што се случил нападот“, појасни тој.

„Родителите рекоа дека не може да ги донесат децата, но беше договорено училиштето да има дежурни наставници“, рече Филиповиќ.

Рече дека треба да се разговара со децата, а за вторник е закажана средба со претставниците на Министерството за здравство за да се направи план за активностите за пречек на децата в понеделник во ОУ „Владислав Рибникар“. На состанокот ќе присуствуваат двајца психијатри, психолог и претставници на УНИЦЕФ.

Како што рече, според сите извештаи што ги поседува училиштето, немало врсничко насилство врз момчето кое вчера го изври нападот во училиштето ниту, пак, тој учествувал во таков вид насилство.

Зборувајќи за наводите дека ученикот е преместен во друга паралелка на барање на неговите родители, тој рече: „Ученикот се преместил во друго одделение со двојазична настава по барање на неговите родители. Тоа беше неговиот мотив да се пресели од едно во друго одделение“.

Спонзорирано: