20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТ

„Пукаше во девојката во која беше вљубен“; Соседите раскажуваат: Никогаш не го видовме со другарите

Соседите од зградата во која живее Коста Кецмановиќ, момчето што вчера уби осум училишни другари и чувар и повреди шест ученици и професорка по историја, сè уште се во голем шок.

Според зборовите на еден сосед, таткото на момчето секогаш бил тука за сите во зградата кога им била потребна помош – како лекар, но и како сосед.

Момчето често помагало, им носело храна на соседите.

Она од што сите се изненадени е тоа што, како што велат, Владимир имал толку многу оружје во станот.

„Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено повеќе оружје. Кажуваат дека во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што имал во глава“, вели сосед на семејството Кецмановиќ.

Коста го опишуваат како повлечено и срамежливо момче, кој не се гледал со другарите.

„Секогаш со нив имаше само жена, која ги чуваше, искрено, никогаш не го видов со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата тој беше на роденден со својот клас, оние што ги застрела! Имаше и девојка што му се допаѓаше и ја застрела“, раскажува шокирана сосетка.

„Толку многу пати разговаравме и се видовме. Никогаш не спомна дека има пиштол, ниту дека оди на стрелиште. Не знам ни дали сега ќе сноси одговорност. Коста ќе треба да излезе надвор, што да правиме ако го видиме овде… Сигурно некое семејство ќе сака да се одмазди“, вели друг сосед.

Како што велат во интервјуто за „Блиц“, тие сметаат дека семејството сега ќе мора да се исели.

За таткото и за мајката на момчето, велат дека работат во здравство и се познати како добро воспитани и љубезни луѓе.

А најмалото дете, девојчето, сега е некаде со мајка си.

„Никогаш немаше никакви проблеми со нив, освен што Владимир протестира кога требаше да се отвори православниот центар во зградата, беше отворен на истиот кат каде што се тие, зависниците одат таму на советување. Тој се побуни и протестира, дури и пред патријархот. Се плашеше какви луѓе ќе влезат во зградата бидејќи е советувалиште за зависници од алкохол и дрога“, раскажува еден сосед.

Осум деца и чувар беа убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.