14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СВЕТТОП ВЕСТИ

Каква е состојбата на повредените во масовното пукање во Србија?

Директорката на Клиничкиот центар на Србија, Милика Ашанин, утрово изјави дека состојбата на двајца ученици и наставник, ранети во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ и сместени во Ургентниот центар, е многу подобра.

Тие се стабилни и будни, а буден е и третиот ученик, но неговата состојба се уште се смета за критична, пишува Телеграф.рс.

– Ситуацијата е многу подобра денеска, од четворицата повредени, тројца, ученик и наставник, се сосема добро, целосно се стабилни и будни – изјави Ашанин за РТС.

Тој посочи дека четвртиот пациент примен во Ургентниот центар е ученикот со најтешки повреди, со прострелни рани.

– Вчера речиси цел ден го помина на операција, сега е подобро, буден, но мораме да бидеме многу внимателни и сепак да го квалификуваме како критичен – рече Ашанин и додаде дека не треба да се даваат предвремени прогнози.

Спонзорирано: