11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина планира масовна евакуација на Херсон

Украинските власти планираат масовна евакуација на цивили од јужниот регион Херсон, кој е делумно окупиран од руските сили. Како главна причина тие го наведуваат се’ поинтензивното руско гранатирање во тој регион.

Регионалниот гувернер Олександар Прокудин објави на својот канал Телеграм дека руските сили „го зголемуваат гранатирањето не само во Херсон, туку и во цела Украина“.

„Украинците умираат. Цели семејства умираат. Деца умираат“, додаде Прокудин.

„Не можам да дозволам жителите на Херсон да страдаат“, објави гувернерот, наведувајќи го зголеменото руско гранатирање како главна причина поради која издал наредба „да се направат планови за евакуација на цивилното население во случај на уште посилно гранатирање во регионот“.

Руските сили сè уште контролираат околу 70 проценти од регионот Херсон.

Спонзорирано: