Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче уценувало другарка, нејзините родители со пријатели го претепале со палка: ужас во Подгорица

Ученик од деветто одделение во основно училиште во Подгорица е тешко повреден откако бил нападнат од родителот на неговиот школски другар и неговите другари.

Момчето наводно уценувало училишна другарка, а нејзините родители дошле да го предупредат пред неколку дена, што немало ефект.

Родителот на девојчето и неговите пријатели се приведени на информативен разговор.

Директорот на училиштето Новица Гачевиќ изјави дека инцидентот се случил во близина на дворот, но дека училиштето до денеска немало информација дека има некаков проблем меѓу девојчето и момчето.

Според него, ниту нивните родители не ги известиле дека има некаков проблем.

Гачевиќ рече дека момчето и претходно имало проблематично однесување. Тој изјави дека проблемот меѓу децата кулминирал последните денови.

Причината била тоа што момчето го поседувало нејзиниот мобилен телефон, од каде ги симнал фотографиите со кои подоцна ја уценувал.

„Тој и побарал пари, а таа му дала одредена сума за да избегне да ги објави тие фотографии или да ги испрати некому. Таткото на девојчето, кога дознал за тоа, побарал од него да ги избрише фотографиите и да ги врати парите, но тој не го сторил тоа“, изјави Гачевиќ.

Според неофицијални информации, во нападот врз ученикот била употребена и палка.

Спонзорирано: