Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Молдавија повеќе не постои, вели Медведев

Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, реагираше на одлуката на Молдавија да ги забрани посетите на официјални претставници на руската држава, велејќи дека таква земја „веќе не постои“.

„Мистериозно суштество по име Речан (премиерот на Молдавија Дорин Речан) изјави дека ниту претседателот на Русија ниту руските официјални лица нема да можат да влезат во неговата земја – Молдавија.

Како прво, никој не планира да оди таму во моментов. Можеби подоцна. И второ, веќе нема таква земја“, напиша поранешниот руски претседател на Телеграм.

Според него, локалните лидери ја „продале Молдавија на Романија“, па, како што рече, нема смисла да се разговара со нив.

Спонзорирано: