Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Американците пресметале уште колку Русија може да војува, покажува нов таен извештај

Американските разузнавачи веруваат дека Русија ќе може да ја финансира војната во Украина најмалку уште една година, покажуваат американските воени документи.

„Москва се потпира на зголемени корпоративни даноци, сопствени средства, зголемен увоз и деловна флексибилност за да помогне во намалувањето на економските притисоци“, се вели во дел од проценката, која е класифицирана како строго доверлива со највисоко ниво на тајност.

Оваа информација е содржана во документите добиени од Вашингтон пост. Техничарот на националната гарда на Масачусетс, Џек Тешеира беше обвинет во април за поседување и пренос на доверливи документи. Тој може да добие 15 години затвор.

Од почетокот на инвазијата на Украина минатата година, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници воведоа серија санкции за поединци и компании поврзани со Кремљ, забранувајќи им на компаниите да работат со нив, за да ја притисне руската економија и да ги казни нејзините елити.

Тие елити „веројатно ќе продолжат да ги поддржуваат руските цели во Украина“, се вели во објавената проценка.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека верува во успехот на претстојната контраофанзива на украинските сили и дека полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија, ќе и биде вратен на Украина.

Зеленски во интервју за медиумите од нордиските земји рече дека успехот на Украина зависи од испораката на оружје од Запад, пренесува финската телевизија Yle.

Сепак, Зеленски предупреди и на можноста војната да продолжи со години или децении.

Спонзорирано: