14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тексас забрани продажба на земоделско земјиште на кинески државјани

Сенатот на Тексас усвои нацрт-закон со кој на кинеските граѓани ќе им се забрани да купуваат одредени видови обработливо земјиште, предизвикувајќи сериозна загриженост во другите делови на САД.

Предлог-законот 147 усвоен во тексашкиот Сенат има за цел да им забрани на граѓаните на четири нации за кои се смета дека се непријателски настроени кон САД – Кина, Русија, Иран и Северна Кореја – да купуваат обработливо земјиште, поради стравувањата дека продажбата на такво земјиште на поединци непријателски настроени кон Америка може да ја загрози безбедноста на храната во земјата.

Според „Фокс њуз“, тексашкиот сенатор Лоис Колхорст го оправда законот како неопходен како осигурување дека САД можат да се одбранат од странските закани. Со предлог-законот, исто така, се забранува кинеска сопственост на нафта, дрва и земјиште со минерали.

„Безбедноста на храната е национална безбедност. Нафтата и гасот, нашите ретки рудни богатства, дрвото, и нив треба да ги заштитиме,“ вели таа.

Тексас не е единствената американска држава која сака да го спречи кинеското поседување на американско обработливо земјиште зашто и Флорида исто така бара воведување некаква забрана за кинеските субјекти да купуваат земјиште во државата.

„Ние не сакаме кинеските комунисти да го купуваат американското плодно земјиште и тие, оќигледно, нема да го прават тоа директно. Ама че отвораат параван-форми, па мора да имаме систем за да го регулираме тоа“, рече гувернерот Рон Десантис во врска со ова прашање.

„Но, зошто би сакале тие да купуваат обработливо земјиште? додаде тој. „Зошто би сакала кинеската Комунистичка партија да поседува земјиште во близина на воена база или на критична инфраструктура?

Спротивно на тоа, демократите во двете држави го нападнаа предлог-законот како дискриминаторски, при што тексашкиот конгресмен Џин Ву истакна дека со законот им „се одземаат правата на цела група луѓе без соодветна постапка и исклучиво врз основа на нивното национално потекло“.

„Националната безбедност е сериозно прашање, но ако сме загрижени за активностите на странските влади, тогаш законот треба да влијае само на странските влади и нивните агенти“, рече таа.