Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработени во Национални шуми добија кривични, наместо да спречат дозволиле сеча на дрва

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Љ.С.(61) од Берово, Т.Ч.(49) од с.Мачево, беровско и Г.М.(48) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и „кражба“.

„Во периодот од март до октомври 2022, Љ.С. и Т.Ч., вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ во Берово, му овозможиле на Г.М. да изврши бесправна сеча, дотур и превоз на дрвна маса, при што е предизвикале штета на шума од 3.813.600 денари“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +