14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Конфликтите продолжуваат во Судан и покрај прекинот на огнот

Силни експлозии и вооружен оган продолжија денеска во суданските градови Картум и Омдуран и покрај продолжувањето на прекинот на огнот меѓу завојуваните страни.

По двонеделни борби, а со посредство на меѓународната заедница, беше договорен прекин на огнот меѓу редовната армија на Судан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).

Иако договорот неколку пати беше прекршен, десетици илјади луѓе конечно успеаја да се евакуираат.

Турција претходно соопшти дека еден од нејзините авиони за евакуација бил застрелан во близина на Картум, но дека нема жртви.

Жестоките судири продолжија и денеска во луксузниот кварт Кафури во Картум, каде војската претходно ги бомбардираше Силите за брза поддршка.

Судирите продолжија во близина на воениот штаб, Републиканската палата и во близина на меѓународниот аеродром во Картум.

Во Омдурман денеска одекнаа експлозии во областа Карари.