26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски најави голема контраофанзива: Посилни сме од пред една година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е уверен во способноста на неговата земја да ја одбие руската инвазија и додаде дека Украина се подготвува за контранапад.

Тој во интервју за Аларабија призна дека ситуацијата е „предизвикувачка“, но дека неговата земја се засилува за борбата.

„Не можам да ја опишам ситуацијата како добра, но ние се бориме. Посилни сме од пред една година“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина ја минимизираше важноста на објавените американски документи поврзани со контраофанзивата, а во исто време изрази уверување во нејзиниот успех, иако не наведе никакви детали.

Зеленски зборуваше и за ситуацијата во градот Бахмут, каде украинската армија води жестоки битки против руската паравоена формација Вагнер.

И покрај тоа што некои аналитичари велат дека градот има мала стратешка вредност, Зеленски остана на ставот дека Украина нема да се откаже од градот во источна Украина и ги повика аналитичарите „да го посетат градот за да разберат што може да се случи и кои се заканите“.

„Невозможно е да се откажеме од Бахмут, бидејќи тоа ќе помогне да се прошири борбениот фронт и ќе им даде шанса на руските сили и на Вагнер да окупираат повеќе од нашата земја“, рече Зеленски.