10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовна евакуација на странци од Судан, над 400 загинати

Од безбедносни причини Швајцарија одлучи да ја затвори својата амбасада во Картум, главниот град на Судан, каде што од 15 април трае вооружениот конфликт.

„Ја затвораме нашата амбасада во Картум од безбедносни причини. Персоналот на амбасадата и нивните семејства се евакуирани и се безбедни. Ова беше овозможено благодарение на соработката со нашите партнери, особено Франција. Ви благодариме за нивната поддршка“, се вели во објавата на твитер-профилот на швајцарското Министерство за надворешни работи.

Италија ги евакуира своите граѓани од Судан

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека евакуираните италијански државјани, кои сакале да го напуштат Судан, биле погодени од конфликтот.

„По еден ден нетрпеливо чекање, сите наши граѓани што сакаа да го напуштат Судан беа евакуирани. Меѓу нив има и странци“, се вели во соопштението на Мелони.

Мелони изрази благодарност до сите надлежни министри и државни институции што работеле на реализација на евакуацијата.

„Во оваа пригода сакам да го повторам повикот за прекин на конфликтот. На Судан му треба мир“.

Според италијанските медиуми, од Картум, главниот град на Судан, во Џибути се евакуирани вкупно 150 лица, од кои 107 се Италијанци, а со авиони на италијанското воено воздухопловство ќе бидат пренесени во Италија.

Според Светската здравствена организација, Судан изминатава недела го потресуваат крвави борби, во кои досега загинаа повеќе од 400 луѓе.

Спонзорирано: