Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Екс директорката на Сорос и движењето “Шанса за Центар” не сакаат да си имаат работа со движењето на Никола Димитров

Екс директорката на Сорос, Фани Каранфиловска и движењето Шанса за Центар со остри деманти се оградуваат од каква било поврзаност со движењето на Никола Димитров, по веста која ја објави Новатв дека екс-министерот Димитров прави движење во кое ќе учествуваат и тие.

Фани Каранфилова-Пановска, која беше спомната во контекст на иницијативата на Никола Димитров, во текстот на НоваТВ „Никола Димитров ги собира незадоволните од СДСМ: Политички кам-бек или тест на можностите?“, остро реагираше до Редакцијата и ја демантираше таа информација, притоа порачувајќи дека воопшто не била контактирана за прашање.

Со демант се јавија и од иницијативата “Шанса за Центар”:

– Ние како граѓанска иницијатива “Шанса за Центар” и како советници не влегуваме во никакви партии. Како и на почетокот на мандатот кога ги поканивме сите партии во Центар со цел да најдеме заеднички точки на соработка остануваме отворени за соработка со сите иницијативи, движења и организации со кои делиме заеднички вредности или низ работата наоѓаме заеднички цели. Нашато борба и нашите цели остануваат непроменети, како и вредностите за кои се залагаме и кои ќе ги истакнеме и на настанот, велат од Шанса за Центар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

C +