Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција оди на избори: Сакеларопулу одобри распуштање на парламентот

Грција ќе оди на избори на 21-ви мај. Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу го одобри барањето на премиерот Киријакос Мицотакис за распуштање на парламентот и одржување избори.

Мицотакис официјално го достави владиниот акт со кој се предлага распуштање на парламентот. Сакеларопулу рече дека се надева на мирен и плоден предизборен период.

Изборите доаѓаат неколку недели по последиците од смртоносната железничка несреќа што ја потресе земјата. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека ниту партијата Нова демократија на Мицотакис, ниту главната опозициска партија СИРИЗА, на поранешниот премиер Алексис Ципрас, веројатно нема да добијат доволно гласови за парламентарно мнозинство.

Спонзорирано: