22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Украина: Протекувањето на тајните документи нема да ја попречи нашата контраофанзива

Протекувањето на доверливите американски документи нема да има никакво влијание врз планираната офанзива на Киев додека се обидува да се одбрани од руската инвазија, објави денеска украинската воена разузнавачка служба.

Москва би можела да биде единствената што ќе профитира од протекувањето на податоците“, рече Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка служба во Киев, во интервју за американската телевизија „Еј-би-си“.

„Тоа нема да може да влијае на вистинските резултати од офанзивната операција. Аферата нема да има долгорочно негативно влијание врз односите меѓу Вашингтон и Киев“, додаде тој.

Воените експерти очекуваат Киев да започне контраофанзива во наредните недели за да ја врати територијата која сега е под руска контрола.

Според објавените документи, САД веруваат дека новата контраофанзива ќе доведе до помали придобивки на теренот во споредба со двете офанзиви наесен, кога Украина успеа повторно да заземе големи области на север во близина на Харков и на југ во близина на Херсон.

Дополнително, во документите се додава дека украинската противвоздушна одбрана е ослабена. Ако Русија добие воздушна супериорност во војната, тоа може сериозно да и’ наштети на Украина. Буданов призна дека на Киев итно му е потребна офанзива за да успее, како и дека во моментов не чувствуваат притисок од западните сојузници.