Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК

Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИ УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Со налепници биле оштетени знаци, патокази и информативна табла

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши

ДЕСК

Претрес во Гостивар, лишено од слобода едно лице осомничено за сторени повеќе кривични дела

ДЕСК