22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Силен циклон ја погоди Австралија

Тропскиот циклон Илса го погоди северозападниот брег на Австралија како бура од петта категорија, поставувајќи нови рекорди за брзина на ветерот.

Циклонот во голема мера ги поштеди населените региони, соопштија денеска властите во земјата.

Циклонот Илса го погодил копното рано утринава, со највисок интензитет на скала од 1 до 5, а потоа се преселил во внатрешноста на земјата, што ги натерало екипите за итни случаи да повикаат неколку оддалечени заедници долж патеката на бурата да бараат засолниште и да останат во затворени простории.

Илса постави нов австралиски рекорд на брзина на постојан ветер од десет минути од 218 километри на час на островот Бедоут, околу 40 километри од брегот, надминувајќи го претходниот рекорд од 194 километри од циклонот Џорџ на истата локација во 2007 година, соопшти Бирото за метеорологија.

Во текот на ноќта Илса треба да ослабне и да се пресели во јужните делови.

На одредени места се предвидуваат обилни врнежи од дожд кои може да предизвикаат поројни поплави.