22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Тајм“ го смести Шолц на листата на 100 највлијателни луѓе во светот

Американскиот магазин „Тајм“ го вклучи германскиот канцелар Олаф Шолц на својата листа на 100 највлијателни луѓе во 2023 година.

„Тајм за Шолц“ наведува дека руската инвазија на Украина ја прогласил за „епохална пресвртница“ и ветил дека Берлин ќе биде на ниво на ситуацијата.

„Иако Берлин не секогаш дејствувал брзо од почетокот на војната, Шолц почнал да го прави она што го ветил“, пишува американскиот магазин.

„Во изминатата година, Германија го промени својот повоен пацифизам, ги зголеми своите воени трошоци (иако помалку од најавените) и стана еден од најголемите добавувачи на оружје на Украина“, се вели во написот.

Германија, исто така, ја намали својата голема зависност од руските извори на енергија, брзо преминувајќи на обновливи извори и покрај стравувањата дека тоа би можело да се покаже скапо и проблематично, пренесе „ДПА“.

„Живеејќи во Германија, не можете да избегате од катастрофите од првата половина на 20 век предизвикани од Германија“, магазинот го цитираше Шолц.

„Тоа е во моите мисли затоа што имаме историска одговорност да помогнеме да се обезбеди мир“.

Списокот на „Тајм“ го вклучува и Еван Гершкович, притворениот известувач на „Волстрит журнал“ во Москва. Доколку биде осуден за шпионажа, може да се соочи со затворска казна до 20 години.