11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тајван тврди: 70 кинески авиони и 11 бродови забележани околу островот

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека од вчера утро до утрово околу островот биле регистрирани 70 воени авиони и 11 воени бродови на Кина.

Во соопштението на министерството се наведува дека 35 од 70-те авиони ја преминале воздушната и морската линија во Тајванскиот теснец и влегле во воздушниот простор на Тајван, во неговата „одбрамбена идентификациска зона“.

На 8 април кинеската армија започна тридневна воена вежба во Тајванскиот теснец, со која Пекинг сака да ги предупреди протајванските сили кои се борат за независност на островот.

Вежбата ја започна кинески воен брод во Тајванскиот теснец. Станува збор за амфибиски борбен брод од кој биле испукани неколку гранати во областа на заливот Луојан на брегот на провинцијата Фуџијан, на околу 50 километри северозападно од островот Мацу во близина на копното под контрола на Тајван.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека осум кинески бродови и 42 авиони ја преминале средината на тајванскиот теснец во саботата наутро.

Кина го гледа Тајван како своја територија и никогаш не се откажала од својата амбиција да го стави островот под своја контрола. Тајванската влада остро се противи на ова.

Предвидени се вежби и на север, југ и исток од островот Тајван. Вежбите следеа откако тајванскиот претседател Цаи Инг-вен (Инг-вен) се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти (МекКарти) во Соединетите држави.