29.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Vlada.rs
СВЕТИЗБОР

„Она што е страшно, плаши и загрижува е што тензиите во Косово се зголемуваат“, посочува Брнабиќ

Премиерката Ана Брнабиќ гостуваше во српската емисија „Хит Твит“, каде меѓу другото се разговараше и за актуелната состојба во Косово

Коментирајќи на оваа тема, Ана Брнабиќ рече дека оваа недела ќе има уште една средба со сите министри во Владата и Србите од Косово.

„Она што е страшно, што плаши и загрижува е тоа што тензиите повторно се зголемуваат. Се зголемува бројот на провокации. Меѓународната заедница се уште молчи“, изјави премиерката.

Како што додава таа, формирањето на ЗСО се чека 10 години, што Приштина на секој начин го избегнува.

„Лесно ми е од Белград да кажам: „Луѓе, бидете мирни“, а друго е да секој ден малтретирате луѓе, дека им ја крадете земјата, градите бази, дека имате запалена кола на која реагираат сите, а дека на сето ова нема реакција – рече Брнабиќ.