26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

Според првичните информации, епицентарот бил на 40 километри од градот Амбунти, на длабочина од 80 километри.

Засега нема информации за повредени, материјална штета и можно цунами.

Папуа Нова Гвинеја е островска земја во Океанија, во меланезискиот појас, која го зафаќа источниот дел на островот Нова Гвинеја и голем број помали соседни острови.