25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Црна Гора по 30 години доби нов претседател – Милатовиќ го тргна Ѓугановиќ од тронот

Јаков Милатовиќ, кандидатот за претседател на Движењето Европа Сега (ПЕС) победи убедливо во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, покажуваат првичните резултати.

Досегашен претседател Мило Ѓукановиќ кој ја извршуваше функцијата 30 години е поразен со освоени 39,9 отсто од гласовите, додека Милатовиќ освоил 60,1 отсто, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 92,5 отсто од обработениот примерок, податоци на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ).

Црногорските медиуми јавуваат дека веќе се слави победата на Милатовиќ.

Роден е во Подгорица на 7 декември 1986 година. Оженет е со Милена и има три деца, ќерките Сара и Ана и синот Давид.

Милатовиќ беше избран за кандидат на ПЕС за претседател на Црна Гора на крајот на февруари годинава. По објавувањето на резултатите, тој рече дека на 2 април ќе го испрати Ѓукановиќ во политичка пензија. Во текот на кампањата најави сака да биде човекот кој ќе ја внесе Црна Гора во Европската Унија.