25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Татарски бил цел на експлозијата во руското кафуле, бомбата ја добил на подарок, велат од руското МВР

Руското Министерство за внатрешни работи потврди дека воениот блогер Владлен Татарски бил убиен денеска во експлозија во кафуле во Санкт Петербург.

„Во 18 часот и 13 минути полицијата добила информација за експлозијата, при што загинало едно лице, воениот дописник Татарски, а 16 лица се ранети“, изјавија за ТАСС од прес-службата на Министерството.

Експлозивната направа во кафулето била насочена кон Татарски, додаде портпаролот на Министерството.

„Целта беше Татарски“, велат од Министерството.

Извори од Министерството за внатрешни работи, цитирани од руската новинска агенција РИА, изјавија дека бомбата била скриена во статуа која на Татарски му била подарена во кутија.

Моќта на експлозивната направа била поголема од оние кои би произвеле 200 грама ТНТ.

Локалното обвинителство на областа Санкт Петербург почна истрага.

Вистинското име на Татарски е Максим Фомин, кој на руската јавност и’ стана познат на почетокот на војната во Украина.

Секојдневно објавуваше анализи за состојбата на бојното поле и им даваше совети на мобилизираните.