13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бројот на новозаразени од коронавирус порасна за 6,5 проценти: Регистрирани нови 180 случаи, еден починат за една седмица

Во периодот 20-26.03.2023 тестирани се вкупно 1.305 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно
тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 7,4% во однос на минатата недела (n=1.409).

Регистрирани сe 180 нови позитивни случаи, со зголемување од 6,5% во однос на минатата недела (n=169). Процентот на позитивност се движи од 8,7% до 18,0%, просечно 13,7%.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 12 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени

Во текот на минатата недела, пријавени се 55 реинфекции, за 12,2% повеќе во однос на претходната недела.

Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (20-26.03.2023), лицето е од Скопје, со коморбидитети и починато во болнички услови. Лицето е на возраст од 89 години.

Спонзорирано: