20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Страшни сцени од Филипините: Се запали траект со 250 патници, најмалку 30 лица загинаа

Се запали траект со 250 патници и членови на екипажот, а најмалку 30 лица загинаа, додека седум се водат како исчезнати на Филипините, изјави денеска гувернерот на провинцијата.

Многумина од оние што избегаа скокнаа од траектот во паника од интензитетот на пожарот и беа извлечени од крајбрежната стража, морнарицата, друг траект и локален рибар, изјави гувернерот на провинцијата Базилан, Џим Хатаман.

Гувернерот додаде дека повеќето од луѓето биле спасени во текот на ноќта, но властите дополнително ги проверуваат информациите од различни извори, што укажува дека бројките би можеле да бидат различни.

Меѓу загинатите има и три деца, кои најверојатно се одвоени од нивните родители, а најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болници, додаде гувернерот.

Повеќето од жртвите се удавија, а подоцна беа пронајдени на море, соопштија официјални лица.

Спонзорирано: