14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Костовски: На чекор сме од остварување на сонот за членство во ЕУ, само ние може да си ставиме сега вето

„Не е битно кога ќе започнат уставните измени, иако сите ги знаеме роковите за завршување на скринигот во октомври или ноември. Битно е да се донесат уставните измени за исполнување на стратешката цел, членство во ЕУ за која декларативно сме сите веќе 30 години, но некои од нас во пракса помалку го покажуваат тоа. Сега сме на чекор од остварување на тој сон и овој пат зависи само од нас“ рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека во моментов не сме во ситуација да бидеме соочени и некој друг да ни стави вето, туку само ние самите може да си ставиме вето.

„Ова не е битка на еден политичар, пратеник, група или партија. Ова е надпартиска, национална одлука во интерес на државата и граѓаните и треба да се донесе едногласно. Посакуваме дека со започнување на постапката за уставни измени ќе имаме и јавна поддршка од одредени проевропски структури во ВМРО-ДПМНЕ“ рече Костовски.

Пратеникот додаде дека сите храбри одлуки за државата се донесени од СДСМ, како што е членството во НАТО, на кое сега сите сме горди, но СДСМ на свои плеќи го издржа притисокот на тие одлуки.

„Ова не е интерес само на СДСМ, туку на секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав и други. Шансата е блиску и ништо не губиме бидејќи се зачувани македонските карактеристики, јазикот е признат и сите напади и илузии од ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа во вода“ рече Костовски.

Спонзорирано: