3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Хаос во Франција: Демонстрантите палат контејнери, фрлаат камења по полицијата, а тие им возвратија со солзавец

Групи маскирани демонстранти денеска протестираа против францускиот претседател Емануел Макрон и непопуларната пензиска реформа, палејќи корпи за отпадоци и фрлајќи камења врз полицијата во Париз, која одговори со солзавец.

Судири меѓу демонстрантите и полицијата имало и на улиците на Рен, Бордо и Тулуз, додека во Нант биле запалени филијали на банки и автомобили.

Претходно денеска, француската влада го отфрли новото барање на синдикатите за суспендирање и преиспитување на нацрт-законот за пензија со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање за две години од 62 на 64 години, што ги налути синдикалните лидери и работниците, кои рекоа дека владата мора да најде излез од криза.

Владата најави дека е „повеќе од подготвена“ да разговара со синдикатите, но за други теми и повтори дека нема да го менува ставот за пензиската реформа.

Спонзорирано: