3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: Загрижени сме поради намерата на Австралија да набави нуклеарни подморници

Кина е длабоко загрижена поради најавата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за планот на Австралија за набавка на подморници на нуклеарен погон, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

„Силно се спротивставуваме на трите земји (Велика Британија, САД и Австралија) кои ја принудуваат МААЕ на такво нешто“, изјави портпаролот Ванг Венбин.

Еден ден претходно МААЕ објави дека трите земји ги информирале за договорот и повториле дека правните обврски на тие земји во однос на неширење на нуклеарното оружје се суштински.

Спонзорирано: