14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Руски воен авион оштетен во саботажа во Белорусија

Руски воен авион за набљудување А-50 бил оштетен во напад со дрон на аеродром во близина на белоруската престолнина Минск, потврдија членовите на белоруската опозиција во егзил, а лидерката на опозицијата Свјетлана Тихановска изјави дека е горда на нив.

– Горда сум на сите Белоруси кои продолжуваат да се спротивставуваат на руската хибридна окупација на Белорусија и се борат за слободата на Украина – напиша Тихановска.

Како што рече Александар Азаров, шеф на белоруската антивладина организација BYPOL, станува збор за беспилотни летала, а учесниците во операцијата биле Белоруси.

Советникот на Тихановска на Твитер посочи дека ова е најуспешниот чин на саботажа од почетокот на 2022 година.