13.8 C
Скопје
31. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски го разреши командантот на здружените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги разреши должностите на командантот на операцијата на здружените сили Едуард Микајлович Москаљов.

Москалов беше сменет со указот на Зеленски, кој беше донесен вчера. Инаку, генерал-мајор Едуард Микајлович Москалов беше назначен на таа позиција во март минатата година, кога генерал-полковник Олександр Пављук беше назначен за шеф на Киевската регионална воена управа.

Првиот човек на Украина не даде објаснување за отказот на Москалов. Ова е уште една во низата промени направени од администрацијата на украинскиот претседател.

Не е познато дали разрешувањето на Москалов има некаква врска со неодамнешната чистка за корупција спроведена од украинските власти, пренесува The Guardian.

Исто така, Зеленски потпиша закон за нов сет на санкции насочени кон 277 Руси и 92 правни лица.

Новиот список на санкционирани од Зеленски ги вклучува оние кои се наводно вмешани во киднапирањето на украински деца, оние кои поддржуваат платеници кои се борат против Украина и руските спортисти.