3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Распарчено тело на позната манекенка пронајдено во Хонг Конг, уапсен сопругот кој се обидел да бега

Делови од човечко тело, кои ѝ припаѓаат на познатата манекенка и инфлуенсерка Аби Чои, се пронајдени во фрижидер во изнајмен стан во северниот дел од ХонгКонг. Уапсен е поранешниот сопруг на манекенката.

Чои (28) беше пријавена за исчезната во средата, а делови од нејзиното тело беа пронајдени во петокот, заедно со нож за месо, електрична пила и облека во областа Таи По, соопшти полицијата.

Полицискиот надзорник Алан Чунг на вчерашната прес-конференција изјави дека поранешниот сопруг на манекенката бил уапсен додека се обидувал да избега на пристаништето во Тунг Чунг.

Поранешниот сопруг, заедно со неговиот брат и родителите, кои беа уапсени во петокот, се задржани на сослушување додека полицијата продолжува да ги бара преостанатите делови од телото на жената.

Полицијата дошла до страшно откритие во куќа, која се наоѓала на околу половина час возење од центарот на градот. Човечко ткиво е пронајдено во лонци со супа, додека главата, торзото и рацете на жртвата не биле на местото на настанот.

„ Во станот е пронајден алат што се користи за распарчување на човечки тела, меѓу кои мелници за месо, моторни пили, долги мантили, ракавици и маски – соопшти полицијата. Според информациите, куќата ја изнајмил поранешниот свекор на Аби пред само неколку недели.

Како модел, Чои беше фотографирана на ревијата за висока мода пролет/лето 2023 на Ели Сааб во Париз минатиот месец. Таа неодамна се појави и како дигитален модел на насловна страница за луксузниот магазин L’Officiel Monaco и присуствуваше на овогодинешната модна недела во Париз.

Чои, која беше позната и како влијателна личност на социјалните мрежи, има речиси 100.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, на кој има фотографии како позира со различни луксузни брендови на локации од Лондон, Париз до Шангај и на јахти во Хонг Конг.

Чои зад себе остави син и ќерка со поранешниот сопруг, а тие ќе бидат чувани од мајката на манекенката, додаде полицијата.

Спонзорирано: